Македонската фудбалска екипа Силекс потпиша со 28-годишниот играч за врска Луис Есенгуе Парфаит, кој доаѓа од Камерун. Парфаит во поголемиот дел од кариерата има настапувано во клубови од Италија, и е поранешен играч на Џенова, Пјаченца, Кротоне, Асколи, Чезена, Лече и Писа. Тој има настапувано и за Киасо, Швајцарија.