Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги ќе треба да донесе одлука во врска со иднината на осум фудбалери кои во крајна линија може да не останат на „Сантијаго Бернабеу“ во следната сезона. До почетокот на летниот тренинг на Реал Мадрид мора да биде јасно дали Кико Касиља ќе остане дел од тимот на Лопетеги. Голманот е тврда резерва на Кејлор Навас, но евентуалното привлекување нов прв голман ќе значи дека Касиља ќе биде продаден. Ашраф Хакими доби шанса да дебитира за Реал Мадрид при водство на Зинедин Зидан, но по сè изгледа дека не влегува во плановите на Лопетеги кој веќе го засили својот состав со Алваро Одриосола од Реал Сосиедад. Одорисола е директен конкурент на Хакими. Мароканскиот фудбалер се очекува да биде продаден на Борусија Дортмунд. Лопетеги мора да одлучи дали ќе ги задржи во неговиот состав Хесус Ваљехо и Маркос Љоренте. Се уште, сепак, нема понуди за двајцата. Матео Ковачиќ веќе објави дека не сака да остане во Реал Мадрид ако тој биде резерва. Хрватскиот репрезентативец има понуди од Серија А и Премиер Лигата. Исто така, се очекува Борха Мајорал да го напушти Реал Мадрид, но последниот збор ќе биде на Лопетеги. Најделикатна во моментов е ситуацијата со Герет Бејл, кој веројатно ќе остане во тимот, ако големата ѕвезда Кристијано Роналдо биде продаден на Јувентус. Карим Бензема, исто така, може да го напушти Сантијаго Бернабеу. Има неколку понуди за него, а најсериозен интерес покажува Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 16:24