Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги негираше медиумските извештаи дека главната тема на самитот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, ќе биде повлекувањето на силите поддржани од Иран од Сирија.

- Во овој случај изворите на „Комерсант“ или оние на „Блумберг“ се збунети. Можам тоа да одговорам, рече Песков.

Тој рече дека не е реално САД и Русија да носат одлуки за трета земја без нејзино учество и согласност.

Песков рече дека Путин и Трамп на средбата во Хелсинки на 16 јули ќе разговараат за „сирискиот проблем“. Тој додаде дека се прават подготовки за самитот и изрази надеж дека двајцата претседатели ќе одржат прес-конференција за да ги објават резултатите од нивните разговори.

Според Песков, самиот факт дека претседателите Путин и Трамп се подготвени за овој состанок и се подготвуваат за него, е позитивен.

- Во позадина на лошата ситуација во нашите билатерални односи, секој таков состанок има посебно значење и има посебна улога, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 16:41