Шпанскиот гигант Реал Мадрид направил понуда во вредност од 155 милиони евра до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Кориере дело Спорт“.

Според италијанското издание, агентот на Милинковиќ-Савиќ - поранешниот напаѓач Матеја Кежман, се сретнал со претседателот на „орлите“ Клаудио Лотито и лично му ја доставил понудата.

Дваесет и три-годишниот играч одигра силна сезона со Лацио во Серија „А“, истакнувајќи 12 гола во 35 средби.

Популарниот „СМС“ настапи и со репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Русија, но не покажа ништо значајно, а нашиот северен сосед испадна уште во групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 23:42