Европскиот клубски шампион, Реал Мадрид во вторник ќе ја објави разделбата со Кристијано Роналдо, вели „Медијасет Премиум“.

Датумот, на кој ЦР7 ќе стане играч на Јувентус, е 10-ти јули. Тогаш се очекува претседателот на „белите“ Флорентино Перез да го објави крајот на ерата „Кристијано Роналдо“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Многу медиуми во Италија и Шпанија тврдат дека Перез инсистира на тоа Роналдо да им каже на сите дека одлуката за напуштање е целосно негова. Во секој случај, зделка ќе има, а таа ќе биде објавено во вторник.

Италијанскиот шампион Јувентус ќе плати 100 милиони евра на Реал за реализацијата на трансферот, а агентот на Португалецот, Жорже Мендеш ќе прибере провизија од речиси 10 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 20:49