Иако Лука Модриќ е целосно фокусиран на Светското првенство и пласманот на неговата репрезентација во полуфиналето, тој исто така ги следи случувањата околу неговиот клуб - Реал Мадрид.
Tаму големата веста ,според медиумите во Шпанија и Италија, е дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо сака да се пресели во Јувентус.
Сепак, хрватскиот репрезентативец не верува дека тоа ќе се случи.
- Ајде да видиме што ќе се случи. Сепак, не мислам дека Кристијано ќе оди таму. Би сакал да остане, бидејќи тој е најдобриот фудбалер во светот. Тој значи многу за Реал, рече Модриќ по драмата против Русија во саботата вечер.
Последните вести велат дека за два дена Роналдо ќе ја објави својата разделба со „белите“.
- Би било подобро Реал да остане. Не го гледам во друг европски клуб, додаде капитенот на Хрватите.