Поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Торес, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија. Тој денес го потпиша договорот со Саган Тошу.

- Очекувам јапонската лига да биде едно ново искуство за мене. Луѓето од Саган сметаат дека можам да придонесам клубот да се врати од местото кое го заслужува. Им благодарам на довербата и ќе се потрудам да ги исполнам нивните очекувања, изјави Торес.

Популарниот „Ел Нино“ во Јапонија замина од Атлетико Мадрид, а во својата кариера настапувал и за врвни екипи какви што се Милан, Ливерпул и Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 13:06