Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, трансферот на Роналдо го оцени како многу значаен настан и за клубот и за фудбалот во Италија.

- Неговото доаѓање е многу важно и е чекор напред за целиот клуб. Тој е многу значаен за нас, исто како и сите други играчи, бидејќи ние имаме одредени цели кои сакаме да ги постигнеме. Знам дека Роналдо е многу среќен, тој е одличен професионалец. Неговиот престој во Јувентус значи многу и за италијанскиот фудбал, изјави Алегри.

33-годишниот Португалец вчера потпиша четиригодишен договор со клубот од Торино.

Роналдо прејде во Јувентус од Реал Мадрид за кого играше од 2009 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 13:59