Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, соопшти дека тренерот Маурисио Сари е блиску до потпишување договор со Челзи.
- Сари е пред трансфер во Челзи. Сега се зависи од неговиот договор со клубот. Жоржињо и Сари повторно заедно? Жоржињо секако ќе оди во таборот на премиерлигашот од Лондон, без оглед на тоа дали Сари ќе се договори, им изјави Лаурентис на италијанските новинари.
Играчот од средниот ред роден во Бразил пред Наполи играше за Верона, а за репрезентацијата на Италија, играше осум натпревари.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Наполи ќе добие 65 милиони евра доколку тренерот и фудбалерот во пакет заминат кај лондонските „сини“.