Младиот марокански дефанзивец на Реал Мадрид, Ашраф Хакими потпиша со германскиот тим Борусија Дортмунд, каде ќе игра во наредните две сезони. Деветнаесетгодишниот Хакими одигра добри натпревари на десен бек во дресот на „белите“ во минатата сезона, но доби малку шанси за докажување, обично при повреда на стартерот Дани Карвахал. Сепак, за мароканската репрезентација постигна два гола во само 16 натпревари. На Светското првенство во Русија, Хамики одигра полни 90 минути во секој од трите натпревари за Мароко во групната фаза.