Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин, може да ја продолжи својата кариера во Челзи, објавија италијанските медиуми.
Се шпекулира дека аргентинскиот напаѓач ќе се согласи да оди кај „сините“ од Лондон ако премиерлигашот ги задоволи неговите финансиски барања.
Во Торино, платата на 30-годишниот напаѓач изнесува 7,5 милиони евра и тој не се согласува за помалку од седум милиони евра.
Претходно беше објавено дека раководството на Јувентус е подготвено да го продаде Игуаин з ада го запази финансискиот ферплеј по купувањето на Кристијано Роналдо.
За 33-годишниот Португалец, Јувентус, според неофицијални информации на Реал му платил 112 милиони евра. За продажба на Аргентинецот, италијанскиот шампион очекува да добие најмалку 70 милиони евра.
Игуаин во Јувентус е од 2016 година, а неговиот актуелен договор истекува на крајот на сезоната 2020/21.