Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс изјави дека трансферот на супер ѕвездата Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е поврзан со неговото ривалство со најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. - Изненаден сум дека тој го напушти Реал и отиде во Италија. Мислам дека тоа е огромен предизвик за него, но тој оди во топ клуб. Добра точка во неговата биографија. Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, изјави Велшанецот. Тој смета дека Португалецот е „опседнат со идејата да биде подобар од Меси“. - Сега тој ќе помисли: „Го постигнав ова во Англија, го постигнав тоа во Шпанија, планирам да го направам истото во Италија, а веќе го направив во Португалија“. Можеби неговата мотивација е во одговор на прашањето Роналдо или Меси?, заврши Гигс



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 10:58