Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард беше задоволен од победата на Шкотите со 2:0 дома против македонскиот тим Шкупи во квалификациите за Лига Европа. Головите на Џејми Марфи и капитенот Џејмс Таверниер им помогнаа на „сините“ да земат солидна предност пред судирот во Скопје. - Задоволен сум од резултатот. Презентацијата ни беше на задоволително ниво, но не и подобро од тоа. Има многу позитивни нешта од овој дуел, но мораше да победиме поубедливо и да решиме сѐ во овој дуел. Имаме уште многу работа и требаше да победиме доста поубедливо, бидејќи направивме сè што е потребно за тоа, прокоментира Џерард по дуелот, кој е деби за него на чело на тимот од Глазгов. Реваншот помеѓу двата тима е следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 11:08