Манчестер Јунајтед ги насочил своите сили за да го договори трансферот на Хари Мегваер од Лестер, објави денес „Дејли мејл“. Англискиот репрезентативец имаше извонредна сезона, што му донесе место во англиската репрезентација, каде што повторно импресионираше со неговите настапи. Од „Олд Трафорд“ ќе направат понуда од 50 милиони фунти, што најверојатно ќе биде прифатена од сопствениците на „лисиците“. Дефанзивецот беше привлечен само пред една година за 17 милиони фунти од Хал Сити. Неговите силни настапи ги извади од составот двајцата централни дефанзивци на Манчестер Јунајтед - Фил Џонс и Крис Смоулинг, а при реализирање на овој трансфер, најверојатно тоа ќе се случи и кај „црвените ѓаволи“. Жозе Мурињо го поставил привлекувањето на централен дефанзивец меѓу приоритетите за ова трансфер лето, а на врвот на листата се сметаше дека е Тоби Алдервеирелд, но преговорите со Тотенхем се во застој, откако „петлите“ цврсто се изјасниле дека сакаат како дел од трансакцијата да биде вклучен и Антони Марсијал.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 13:14