Англискиот клуб Челзи на својата веб-страница и официјално ја потврди разделбата со Антонио Конте. Под водство на Италијанецот, „сините“ ја освоија својата шеста титула во Англија и по осми пат во својата историја го кренаа трофејот од ФА Купот. Челзи, исто така, истакнува дека благодарение на италијанскиот тим, клубот забележал рекордна серија од 13 последователни победи во лигата. Новиот менаџер на тимот од Лондон ќе биде сонародникот на Конте, Маурицио Сари. Во последните три сезони, Сари беше тренер на италијанскиот клуб Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 13:43