Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, смета дека само играчот од неговиот тим Иван Перишиќ може да се спореди со засилувањето на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Според него, Хрватот дури може да го надмине и Португалецот.

- Само физички гледано Перишиќ може да се спореди со Роналдо. Тој е единствениот таков играч. Брз е, силен и може да дава голови, дури и со глава.

Перишиќ утре со својата репрезентација го очекува финалето на Светското првенство, против Франција со почеток во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 20:25