Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Хорхе Сампаоли, се најде на жестоки критики во јавноста по неуспехот на Светското првенство, а според информациите објавени во тамошните медиуми, Федерацијата иницирала постапка за негово разрешување.
Аргентинската фудбалска федерација (АФА) побарала од Сампаоли да ги соопшти условите за раскин на договорот.
Се шпекулира дека Сампаоли за предвремено напуштање на селекторската функција ќе добие обештетување меѓу 10 и 15 милиони евра.
На Мундијалот во Русија, Аргентина беше елиминирана во осминафиналето, откако едвај ја помина групната фаза.