Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, по освојување на третото место со белгиската репрезентација на СП, на новинарите им ја кажа желбата за продолжување на клупската кариера.
- Се зависи од Челзи. Ако клубот ме пушти ја знаете мојата сакана дестинација. Во Лондон поминав шест прекрасни години и сметам дека е дојдено време за нешто ново. Сепак крајната одлука е на Челзи. Прашење е дали сакаат да ме пуштат, изјави Азар.
За него интерес покажуваат неколку екипи, но негова желба е кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.