Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи. Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи. Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен и како играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 14:29