Новиот фудбалер на Јувентус, Емре Џан, го пофали Кристијано Роналдо, кој денес ќе биде претставен како играч на „старата дама“. Роналдо пристигна во Торино минатата ноќ и денеска ги помина задолжителните медицински прегледи во клупската база. Неговата официјална презентација пред обожавателите и новинарите ќе се одржи денеска во 18:30 часот по македонско време. - Имав привилегија да играм со некои шампиони од светска класа, но Кристијано Роналдо можеше да ја крене класата на секој тим. Тој е исклучителен. Многу сум задоволен што ќе имам можност да играм со него, рече Емре Џан.