Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, му го препушти дресот со број седум на Кристијано Роналдо и побара од навивачите да му изберат нов број.

Квадрадо на овој начин му посака добредојде на Роналдо во Јувентус, а навивачите преку социјалните мрежи можеа да учествуваат во анкета и им беше понудено да изберат еден од следните броеви - десет, 16, 21 или 49.

Во анкетата учествуваa над 150.000 лица, а најмногу гласови доби бројот 49. Во следниот период се очекува да се огласи и Квадрадо за да соопшти дали во иднина ќе го носи токму овој број.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 01:21