Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, оцени дека доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ќе има позитивно влијане врз италијанскиот фудбал, но ќе биде многу непогодно за „росонерите“.

- Доаѓањето на играч како што е Кристијано Роналодо во Серија А е добра вест не само за Јувентус, туку и за целиот италијански фудбал. Му честитам на Јувентус, на неговото раководство и на навивачите. Меѓутоа, ова врз Милан ќе има ужасно влијание, истакна Берлускони.

Тој мината година го продаде Милан, откако 30 години клубот беше во негова сопственост и во овој период ги постигна најголемите успеси.

Милан во моментов се наоѓа во сериозна финансиска криза, а новиот сопственик Ли Јонгхонг се обидува да го продаде. Во меѓувреме клубот беше исфрлен и од европските натпреварувања поради прекршување на правилото за фер плеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 01:49