Англискиот гигант, „Манчестер Јунајтед“ и холандскиот клуб „Ајакс“ се согласија за трансфер на Дејли Блинд на „Амстердам Арена“,потврдија официјално двете екипи.

Дефанзивецот се очекува да потпише договор со „Ајакс“ за четири сезони, кој ќе го задржи во Амстердам до 30 јуни 2022 година. Тимот ќе плати на „црвените ѓаволи“ 16 милиони евра за 28-годишниот играч, информираат на официјалната страница на Ајакс. Износот може да се зголеми на 20,5 милиони евра под одредени услови.

Дејли Блинд ја започна својата професионална кариера во „Ајакс“ во 2008 година. Универзалниот дефанзивен фудбалер е продаден од „Ајакс“ на „Манчестер Јунајтед“ во 2014 година и во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 141 натпревар, како и шест погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 11:10