Новиот тренер на Реал Мадрид Хулен Лопетеги ги одржа првите тренинзи на чело на „белите“. Тој исто така ги сподели своите очекувања и амбиции за новата сезона.
- Треба да создадеме еден голем тим. За остварување на оваа цел треба да работиме многу. Во Реал има одлични играчи. За мене овој клуб отсекогаш бил посебен, бидејќи сум израснал во Мадрид, тука е мојот дом, изјави поранешниот селектор на Шпанија.
Тој смета дека одговорноста е огромна, но и радоста не е мала.
- Јас едноставно немам зборови да ги опишам моите чувства и впечатоците за одличните играчи и условите за работа што ги имам. Можеме да бидеме уште посилни. Очекувам моите играчи постојано да напредуваат. Ни останува малку време до 15 август, кога ќе спориме за Суперкупот на Европа и затоа веднаш се фаќаме за работа, прокоментира Лопетеги.