Легендата за спринтот, Усеин Болт ќе добие нова шанса да го оствари својот сон и да стане професионален фудбалер. Болт, кој во неделата во Москва го проследи во живо финалето на Светското првенство помеѓу Франција и Хрватска, ќе има шестнеделен пробен период во клубот Сентрал Коуст Маринерс од австралиската „А“ лига. Светскиот шампион во трките на 100 и 200 метри претходно оваа година веќе беше тестиран во германскиот клуб Борусија Дортмунд и норвешкиот Стромгодсет. Новата авантура Јамајканецот ќе ја започне во август. Ако пробите се успешни, Болт, кој ќе наполни 32 години следниот месец, може да остане една сезона во австралискиот тим.