Агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш е најголемиот виновник за трансферот на португалската ѕвезда во Јувентус. Познатиот фудбалски агент упати интересен коментар пред микрофоните на „Скај“ по објавувањето на договорот на векот. Мендеш го прогласи Роналдо за најдобар во историјата на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а исто така, рече дека CR7 ќе успее да ја донесе за „бјанконерите“ титулата во Лигата на шампионите. - Што треба да очекуваат фудбалерите на Јувентус од Кристијано? Тој беше најдобар во Манчестер Јунајтед. Тоа беше случај и во Реал Мадрид. И сега ќе биде исто. Со него Јувентус може да ја освои Лигата на шампионите, изјави Мендеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 11:46