Бразилскиот фудбалер Данило Бала Соуза Муниз денеска потпиша двогодишен договор со ФК Варадар. Бала ќе игра како крилен фудбалер во „црвено-црниот“ тим, а доаѓа од екипата на Кампиненсе, каде што настапуваше во изминатите месеци. Бразилецот е третиот фудбалер од Бразил во скопскиот тим по Вилијан Лира и Виктор Јуфо. - Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во четврток. Очекувам брзо да се вклопам во екипата, да бидам добро прифатен од сите и заедно да направиме успех за клубот, и секако за нашите навивачи“, изјави Бразилецот, цитиран од клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 14:30