Францускиот фудбалски стручњак, Арсен Венгер смета дека направил грешка со тоа што предолго останал во Арсенал и на тој начин станал заробеник на сопствените амбиции.
Венгер на крајот од сезоната по 22 години си замина од лондонскиот клуб.
- Најголемата грешка во мојата кариера е можеби тоа што останав во ист клуб цели 22 години. Сакам да сум во движење и сакам предизвици, но во Арсенал станав заробеник на сопствените амбиции, истакна фудбалскиот стручњак.
Toj со Арсенал освои три титули во Премиер лигата, во 2006 година играше во финалето на Лигата на шампионите, а ФА купот го освои седум пати.