Селекторот на фудбалската репрезентација на Исланд, Хеимир Халмгринсон, си поднесе оставка.
Тој седум години ја предводеше исландската репрезентација, која на Светското првенство во Русија беше елиминирана во групната фаза.
- По седум години одлучив да се повлечам. Среќен што бев дел од тимот, кој трасираше пат за генерациите што доаѓаат и кој направи многу добри работи, истакна Халмгринсон по оставката.
Од 2011 година тој во тандем со Ларс Лагербак ја предводеше исландската репрезентација, а најголемиот успех го постигнаа со четвртфиналето на Европското првенство во 2016 година.
Лагербак пред две години ја напушти репрезентацијата, а Халмгринсон самостојно ја предводеше на Мундијалот во Русија.