Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, по натпреварот со Шкупи очекувано изјави дека е задоволен од пласманот на неговиот тим во второто коло од квалификациите за Лига Европа.

- Задоволни сме од резултатот и од пласманот во следното коло. Вечерва видовме две лица на Ренџерс, во еден дел доста солидни и организирани, но во првиот дел од натпреварот и во самиот финиш бевме доста лоши. Имавме и квалитетен противник против себе, но сепак најважно е дека одиме понатаму. Во иднина ќе се обидеме да играме подобро, истакна Џерард на прес-конференцијата по натпреварот.

Македонскиот клуб по поразот од 0:2 на гостувањето во Шкотска, денеска одигра реми без голови на реваншот во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 01:41