Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи не е задоволен од ситуацијата во клубот и инсистира на тоа да биде продаден, објавија медиумите во Италија. Неговиот агент Алесандро Лучи веќе го информирал раководството на клубот за желбата на неговиот клиент.

Бонучи е разочаран од исфрлувањето на „росонерите“ од европските натпреварувања и проблемите околу менаџментот на клубот. Тој би останал на „Сан Сиро“ само во случај да добие гаранции за поамбициозен настап на клубот, но во оваа фаза поверојатно изгледа да си замине од Милан само една година откако сензационално премина од екипата на Јувентус за 42 милиони евра.

Ако дојде до разделба, има многу кандидати за потписот на Бонучи. Манчестер Јунајтед одамна работи на тоа да го доведе италијанскиот репрезентативец во составот, а Пеп Гвардиола повеќепати изјавувал дека Лео е меѓу неговите омилени фудбалери.

Челзи, предводен од Маурицио Сари, исто така, може да направи обид да го привлече 31-годишниот дефанзивец. Понуда најверојатно ќе пристигне и од Пари Сен Жермен, каде Бонучи би имал шанса да игра заедно со Џанлуиџи Буфон.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 10:17