Кристијано Роналдо нема да отпатува со Јувентус на Меѓународниот куп на шампионите во САД, потврди италијанскиот клуб.

Во понеделникот Роналдо официјално беше претставен како член на Јувентус, а на подготовките на тимот ќе се приклучи на 30 јули.

Јувентус на турнејата во САД ќе игра и против поранешниот клуб на Роналдо, Реал Мадрид. Напреварот е закажан за петти август во Мериленд, но Роналдо нема да игра против својот поранешен тим.

Тој ќе остане во Торино да тренира заедно со играчите кои подоцна ќе му се приклучат на тимот, поради учеството на Светското првенство.

Новата сезона во Серија А ќе започне на 19 август



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 16:55