Фудбалерот на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлејн, поради повреда на коленото ќе ја пропушти целата следна сезона, потврди денеска тренерот Јирген Клоп.
Тој минатата сезона се повреди на првиот натпревар против Рома од полуфиналето во Лигата на шампионите, по што веднаш беше опериран. Потоа уследи долгата рехабилитација и фудбалерот беше надвор од терените во наредните месеци.
- Мислам дека сега е вистинско време да кажеме дека Окслејд-Чемберлејн во текот на целата следна сезона ќе се посвети на заздравување и рехабилитација од сериозната повреда. Ако го имаме на теренот во финишот на идната сезона, тоа ќе биде бонус, истакна Клоп.
При повредата биле направено оштетување на лигаментите на коленото, поради што е потребна пауза од дури 12 месеци