Дефанзивецот на Јувентус Даниеле Ругани наскоро ќе стане член на англиски Челзи. Според информации во британскиот печат, италијанскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со раководството на „сините“, а се очекува да потпише 5-годишен договор, заработувајќи 4 милиони фунти од сезона.

Трансферот најверојатно ќе биде финализиран во наредните денови, а Јувентус ќе добие скоро 45 милиони фунти за 23-годишниот дефанзивец.

Интересно е дека иако е сметан за еден од најталентираните дефанзивци во Италија, Ругани не успеа да се наметне во првиот состав на „бјанконерите“.

Во конкуренција на Џорџо Киелини и Андреа Барѕали, младиот дефанзивец одигра само 26 натпревари за тимот од Торино во сите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 12:33