Европскиот вицешампион Ливерпул подготвува трета понуда вредна 20 милиони фунти за хрватскиот фудбалер на Бешикташ, Домагој Вида, пишуваат денеска на Островот. Првите две понуди на 29-годишниот фудбалер беа за 16 и 18 милиони фунти и беа одбиени од гигантот од Истанбул. Се тврди дека Бешикташ нема да го ослободи дефанзивецот за помалку од 31 милион фунти. Централниот дефанзивец (29) игра за турскиот тим неколку месеци. Тој потпиша со Бешикташ како слободен агент во зима, по пет успешни години во тимот на Динамо Киев. Ако се случи трансфер, Вида ќе се собере во Ливерпул со Дејан Ловрен, со кого е централна двојка дефанзивци во репрезентацијата, која го освои сребрениот медал на неодамна завршениот Мундијал во Русија.