Фудбалерот Марјан Радески поради повреда нема да настапи за Шкендија на натпреварите против Шериф Тираспол од Молдавија од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, објави македонскиот првак на својата интернет страница.
Радески се повреди на реванш натпреварот против ТНС во Велс, а повeќе детали за повредата на десното коленото клубот ќе соопшти во следните денови, откако фудбалерот ќе биде прегледан на магнетна резонанца.
Шкендија првиот натпревар од второто коло против Шериф го игра на 24-ти јули во Скопје, а седум дена подоцна се игра реваншот во Молдавија.