Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри како се дошло до рекордниот трансфер на бразилскиот голман Алисон Бекер на „Енфилд“. Преговорите започнаа пред само неколку недели, а цената не била особено важна, бидејќи на Ливерпул му беше потребна класа голман на овој пост. На крајот, Бразилецот беше привлечен за 62,5 милиони евра плус 10 милиони евра во форма на бонуси за изведба. - Само пред неколку недели се отвори можност да привлечеме еден од најдобрите голмани во светот. Не губевме време за да склучиме договор. Зборувавме со сопствениците на клубот и тие дадоа зелено светло за трансферот. Цената се одредува од пазарот, не можеме ние да влијаеме на тоа. Ова покажува колку е важна голманската позиција во денешно време, изјави Клоп. Германскиот стратег додаде дека новиот чувар на мрежата на „црвените“ се претставил на високо ниво во Рома и Светското првенство, но и дека следи период на адаптација за Алисон, за кого ова е „нов свет“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 10:14