Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата.

Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0).

- Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи.

Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.

Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 11:43