Македонскиот голман во редовите на лондонски Арсенал, Дејан Илиев го продолжи договорот со клубот од „Емирати“, кој е за 2+2 години.

Дваесет и тригодишниот Струмичанец одигра осум дуели за тимот на „топџиите“ до 23 години минатата сезона, а исто така беше вклучен и во првиот тим при победата во „Карабао Купот“ против Норвич Сити во октомври минатата година.

Илиев потпиша за Арсенал во летото 2012 година, откако дојде од ФК Беласица. Тој е репрезентативец на Македонија за играчи до 21 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 11:57