Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович поставил два апсолутни услова за новиот менаџер Маурицио Сари, тврди британскиот таблоид „Сан“. Италијанецот нема право да носи патики на денот на натпреварот и да пуши на стадионот. Во средата, наследникот на Антонио Конте официјално беше претставен во медиумите и носеше елегантен костум. Во Италија, „пушачот“ Сари на аут-линијата беше вообичаена глетка за навивачите и новинарите. Рускиот милијардер го повикал Сари да внесе „британски манири“ во неговата нова улога.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 15:45