Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, го продолжи договорот со клубот од Лондон.
Јужнокорејскиот репрезентативец ќе остане во Тотенхем до 2023 година.
Тој во лондонскиот клуб дојде во 2015 година од Бајер Леверкузен, а досега на 99 натпревари има постигнато 30 голови.
Професионалната кариера 26-годишниот Сон ја почна во Хамбург, каде како 16-годишно момче допатувал од Сеул.