Претседателот на Рома, Џејмс Палота, доби тримесечна суспензија од УЕФА и нема да може да присуствува на натпреварите од Лигата на шампионите, бидејќи минатата сезона на полуфиналниот натпревар против Ливерпул им упати навредливи коментари на судиите.

На Палота нема да му биде дозволено и да комуницира со играчите и тренерите за време на натпреварите.

Покрај суспензијата за претседателот на клубот, Рома ќе мора да плати и казна од 19.000 евра поради однесувањето на навивачите кои палеа факели на стадионот



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2018 03:55