Македонскиот шампион Шкендија го промовираше албанскиот фудбалер Гледи Мици како ново засилување.

Мици потпиша тригодишен договор со Шкендија, а во македонскиот првак 27-годишниот лев бек доаѓа од албанскиот клуб Скендербег.

Тој со Скендербег ги освои шампионатот на Албанија, Купот и Суперкупот, а играше и во групите на Лига Европа.

Мици нема право на настап во двомечот против Шериф Тираспол од Молдавија во второто квалификациско коло на Лигата на шампионите, но ќе може да игра во евентуалното трето коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2018 01:04