Генералниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, потврди дека Хамес Родригез останува во германскиот клуб и нема да се врати во Реал Мадрид.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека колумбискиот фудбалер повторно сака да игра во Реал, откако тренерот Зинедин Зидан, со кого беше во лоши односи, си замина од мадридскиот клуб.

- Многу гласини кои дојдоа од Шпанија не се точни. Ситуацијата околу неговиот договор им е позната на сите. Родригез дефинитивно оваа сезона ќе игра за нас, а очекувам да остане во Баерн уште долго време, истакна Румениге.

Родригез во Баерн дојде минатото лето како двегодишна позајмица за десет милиони евра, со опција да биде откупен, која баварскиот клуб ја искористи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 01:21