Францускиот фудбалер Усман Дембеле парите заработени на Светското првенство во Русија ги донираше за изградба на џамија.

Тој е роден во францускиот град Вернон, но е еден од француските репрезентативци кои имаат африканско потекло. Неговата мајка е од Мавританија, а татко му од Мали.

Дембеле премијата за светската титула во висина од 350 илјади евра ја донираше за изградба на џамија во Мавританија, поточно во родниот град на неговата мајка Дугалија.

И неговиот соиграч Килијан Мбапе исто така соопшти дека парите од настапот на Мундијалот ги донирал во хуманитарни цели за поддршка на болни деца и деца со хендикеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 01:31