Легендарниот мексикански фудбалер Рафаел Маркез соопшти дека ја завршува кариерата по 22 години играње професионален фудбал.

Марекез се впиша во историјата како еден од тројцата фудбалери кои настапиле на пет светски првенства.

Настапите на Мундијалот во Русија се последните во кариерата на овој 39-годишен фудбалер, кој има одиграно 146 натпревари за репрезентацијата на Мексико.

Меркез кариерата ја заврши во мексиканскиот клуб Атлас, а има настапувано за Монако, Барселона, Верона и Леон.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 01:47