Голем товарен брод што плови под панамско знаме денеска се насукал на источниот брег на Шведска, во близина на пристаништето Седертеље.

Бродот превезува над 1.300 возила, а по ударот во брегот, од него истекло одредено количество гориво. Шведската телевизија СВТ јави дека еден од членовите на екипажот е притворен, и се испитува дали пијан го управувал бродот, бидејќи пред несреќата било забележано дека бродот со часови плови во погрешна насока.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 02:34