Во Германија продолжува дебатата околу откажувањето на Месут Озил од националниот тим.Фудбалерот ја објави својата одлука наведувајќи ги за мотив „расизмот и дискриминацијата“ поради неговото турско потекло. Проблемите на Озил почнаа поради заедничка слика со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, која не беше прифатена добро во Германија. Ден по објавувањето на отвореното писмо на Озил, претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изрази радост од неговата одлука. - Драго ми е што овој дух замина. Тој со години не покажа ништо. Не се бори на теренот од Светското првенство 2014 година“, изјави меѓу шефот на баварците, цитиран од „Билд“. Одговорот не задоцни од агентот на играчот Еркут Согут, кој вели дека коментарот на Хенес не кореспондира со реалниот проблем. - Тој се обидува да го одвлече вниманието од проблемот со расизмот и дискриминацијата во Германија. Статистиката на Озил за Бундестимот зборува сама за себе - 23 гола и 40 асистенции. Озил станал пет пати Фудбалер број 1 на Германија, од кои три по Мундијалот 2014. Како може дух да освојува титули и награди? Месут создаде повеќе шанси на Мундијалот 2018 од секој друг. Зошто Хенес не го коментира претставувањето на играчите на Баерн на Светското? Тие беа цели осум. Штом Озил е слаб фудбалер, што гледаат во него поголеми стручњаци од Хенес како Јоаким Лев, Арсен Венгер и Жозе Мурињо?, праша Согут.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:59