Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед имаат најголеми шанси да го привлечат централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Џером Боатенг, објави „Кикер“. Дваесет и девет-годишниот германски репрезентативец е трансфер цел уште на два клуба - Манчестер Сити и Јувентус. Неговата желба, според друго популарно списание во Германија, „Спорт Билд“, е да игра за еден од двата шпански гиганти - Барселона или Реал Мадрид. Меѓутоа, во моментот, каталонците и „белите“ ниту еднаш не покажале интерес за Џером, кој одигра многу слабо Светско првенство. Раководството на Баварците е подготвено да се раздели со својот дефанзивец во износ од околу 50-60 милиони евра. Минатата сезона, Боатенг одигра 31 натпревар со германскиот шампион во кој постигна два гола. Дефанзивецот премина од Манчестер Сити во гигантот од Минхен во 2011 година. Тој е поранешен фудбалер и на Херта Берлин и Хамбургер.