Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека капитенот Леонардо Бонкучи сака да го напушти тимот. Италијанецот пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето, но најверојатно поради проблемите околу раководството на клубот, тој има намера да замине. За дефанзивецот во моментов интерес покажуваат неговиот поранешен тим, Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. На прес-конференцијата за време на турнејата во САД, Гатузо рече дека судбината на Бонучи е надвор од неговиот дофат. - Разговаравме со Лео, бевме искрени за тоа како стојат работите. Но, јас не сум Милан, треба да се разбере со раководството. Додека не ја напушти соблекувалната, сакам да го видам оној Бонучи од последните 12 дена - вистински професионалец, лидер и тимски капитен. Сѐ зависи од него и од директорите, но се надевам дека нема да си замине. Кога некој фудбалер бара да си замине, тренерот треба да стори сé за да го убеди да остане, изјави Гатузо за иднината на италијанскиот репрезентативец. Според последните информации, дефанзивецот е посакуван од Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед. Во исто време, „Газета Дело Спорт“ објави дека можно е сензационално враќање на Бонучи во Јувентус. Се тврди дека Бонучи може да влезе во договорот за Гонзало Игуаин, кој би отишол во спортивен правец во Милано.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 13:09